Валјдер завршил во болница откако „изеде ќотек“ од Фјури

Епска боксерска борба ни приредија рано утрово Тајсон Фјури и Дионте Вајлдер во Лас Вегас. Сигурно најдобрата борба во 21. век, но и една од најдобрите во историјата на овој спорт.

И двајцата боксери неколку пати завршуваа на подот во рингот во Лас Вегас, а на крајот 11. рунда беше клучна за победата на Британецот.

Вајлдер кој дури четири пати беше во „нокдаун“, по борбата морал да биде пренесен во болница како мерка на претпазливост поради големиот број на удари кои ги доби од Фјури.

Со оваа победа популарниот „Џипси кинг“ ја одбрани титулата во ВБЦ категоријата.

Се вчитува...