Валон Етеми од Истанбулспор е нов репрезентативен потенцијал!

Деснокрилниот офанзивец Валон Етеми од редовите на турскиот Истанбулспор е нов репрезентативен потенцијал кој би можел да биде новиот дебитант во македонскиот национален тим.

24-годишниот Етеми, кој игра на десната крилна позиција, игра во одлична форма сезонава во првиот тим на Истанбулспор. Етеми пред две години веќе беше повикан и во младата репрезентација на Македонија, токму од актуелниот селектор на А-тимот, Благоја Милевски, одигрувајќи и еден тест дуел за надежите до 21 година.

Етеми, кој има македонско државјанство, фудбалски потекнува од школата на Ренова, но својата вистинска фудбалска промоција ја има во редовите на албанските прволигаши Динамо Тирана и Кукс од каде на почетокот од оваа година реализира трансфер во Истанбулспор.

Сезонава ги стартувал сите натпревари на својот тим во турската втора лига, постигнувајќи и еден погодок.

Се вчитува...