Валверде е голем џентлемен: Судиите згрешија, но грешеле и во наша корист

Барселона остана непоразена на гостувањето на „Месталја“ против Валенсија играјќи 1-1 и се уште е без пораз во Ла Лига. Но, дамка на мечот остави непризнатиот гол на Лионел Меси во 30.минута на натпреварот, иако дополнителните камери покажаа јасно дека топката со целиот свој обем беше зад гол – линијата. Но, судиите не успеаја тоа да го забележат.

Тренерот Ернесто Валверде сепак имаше џентлеменска изјава по завршувањето на натпреварот.

„Јасно е дека голот беше регуларен, меѓутоа судиите тоа не го видоа и ВАР технологијата ќе биде решение за ваквите моменти. Игравме добро, заслуживме и победа, но мораме да одиме понатаму. На крајот на краиштата, судиите грешеле и во наша корист. На мечот против Малага победивме после аут кој не беше во наша корист, тогаш судиите згрешија на штета на противникот“, изјави Валверде.

Се вчитува...