Валверде: Го казнивме Реал за промашувањата, во „Ел Класико“ само победата е важна

Барселона оствари совршен триумф против Реал Мадрид (0-3) на „Сантијаго Бернабеу“ како подарок за јубилејниот стоти натпревар на Ернесто Валверде на клупата на тимот. Каталонскиот гигант по шести пат последовно се пласира во финалето на Купот на Шпанија.

„Среќни сме, ова е голем триумф за нас. Во „Ел Класико“ единствено важна е победата. Го казнивме Реал Мадрид за промашувањата во првиот дел. Таков е фудбалот. Ние имавме 25 шутеви кон голот против Лион и не дадовме ниту еден гол, а против Реал дадовме три од три шута. Но, полека, се уште не сме го освоиле трофејот. И не размислувам за следното „Ел Класико“, тоа е в сабота, има доволно време за да се подготвиме. Тоа ќе биде нова голема битка“, изјави тренерот на Барселона по елиминацијата на големиот ривал и пласманот во ново финале во Купот.

Барселона во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Валенсија и Бетис. По првиот меч резултатот е 2-2.

Се вчитува...