Валверде го седна Меси на клупа, а сака да го урне рекордот на Гвардиола

Барселона ќе го стартува денешното градско дерби против Еспањол без Лионел Меси во тимот. Тој остана на клупата за резерви, откако тренерот Ернесто Валверде одлучи да го одмори за реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Шпанија в четврток, против Валенсија на „Месталја“.

Валверде направи неколку ротации, а од првата минута сега ќе му даде шанса на Фелипе Кутињо, исто како и на Пако Алкасер. Тренерот на Барселона има можност да го надмине рекордот на Пеп Гвардиола, кој со каталонскиот тим имаше низа од 21 натпревари без пораз. Доколку Барселона денеска остане непоразена против Еспањол, низата на Валверде ќе стигне до бројката – 22.

Се вчитува...