Валверде: На крајот секако решава генијалноста на Лионел Меси

Барселона го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 на „Камп Ноу“ и направи огромен чекор напред кон освојувањето на шампионската титула во Ла Лига. Лионел Меси уште еднаш покажа дел од своето мајсторство и со одличен погодок од слободен удар го одлучи победникот. Тренерот на каталонскиот тим, Ернесто Валверде, вели дека е привилегија да го имаш Аргентинецот во својот тим.

„Одигравме квалитетен меч, а Атлетико Мадрид беше добар ривал. Неизвесноста беше присутна до самиот крај, но мислам дека заслужено ги освоивме трите бода. Пресуди генијалноста на Лионел Меси, и тоа секако дека е големата привилегија на Барселона, да го имаме најдобриот светски фудбалер во своите редови. Но, ништо не е завршено, ќе продолжиме и понатаму на секој натпревар да имаме максимален приод и на идентичен начин да ја посакуваме победата“, изјави Ернесто Валверде.

Се вчитува...