Уругвајскиот фудбалер Федерико Валверде изјави дека за него претставува голема чест што стана капитен на Реал Мадрид и дека сака да ја искористи можноста да учи од новиот тренер Жозе Мурињо.
По лекарските прегледи, Валверде го одработи првиот тренинг со тимот во спортскиот центар „Валдебебас“ под водство на португалскиот стручњак, кој го презеде Реал Мадрид по заминувањето на Карло Анчелоти.
„Едвај чекам да учам од него, да го слушам секој негов совет и да го извлечам максимумот од секој тренинг со него и со неговиот стручен штаб. Сакам да напредувам и како личност и како фудбалер. Тој е посебна личност од која можам многу да научам. Се надевам дека ова ќе биде одлична сезона“, рече Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
