Ван Нистелрој за „црните денови“ во Манчестер: Рој Кин секогаш ме ‘малтретираше’

Легендарниот Руд Ван Нистелрој, некогаш еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата во дресот на Манчестер јунајтед, се отвори комплетно за својот период на „Олд Трафорд“.

Во емисијата на поранешниот соиграч Рио Фердинанд, го спомнаа и тогашниот капитен на тимот, Рој Кин.

„Секој од новите фудбалери во тимот мораше да го мине тој период на тортура од него. Беше вистински лидер, не водеше на одличен начин, беше директен и сите тоа го знаеја. Но, мене искрено ми беше тешко да се навикнам. Имав навистина ‘црни денови’ во Манчестер. Три месеци секој ден ме малтретираше поради траката на косата која ја носев на натпреварите и тренинзите. Постојано зборуваше ‘Кој к.. ти треба тоа, што правиш со тоа чудо на главата. Сега си во Премиерлигата и однесувај се така, а не како неписмен сељак. Имаше и многу други работи, но потоа имавме навистина коректен однос“ – се потсетува Ван Нистелрој.

Се вчитува...