Вања Вучичевиќ ново засилување на Македонија ЃП

Српскиот интернационалец, Вања Вучичевиќ е ново засилување за македонскиот фудбалски прволигаш Македонија Ѓорче Петров.

24-годишникот во редовите на клубот од Ѓорче Петров доаѓа од Звездара каде играше минатата сезона. Тој во кариерата настапуваше и за: Чукарички, Црвена Звезда, Борац Чачак, Спартак Суботица, Крилја Совјетов и Инџија.

„Драго ми што доаѓам во овој клуб, се надевам дека со своите игри ќе успеам да помогнам клубот да дојде до својата цел“, изјави Вучичевиќ.

Се вчитува...