Ванче Шиков, по само еден собир, не е повеќе дел од стручниот штаб на Седлоски

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на А репрезентацијата на Македонија.

Селекторот Гоце Седлоски во наредниот период дополнително ќе одреди замена на неговата позиција.

„Му благодариме на Ванче Шиков за досегашниот ангажман и придонесот во работата со националниот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“ – порачаа од ФФМ.

Се вчитува...