Ванчо Трајанов ја заврши кариерата

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Ванчо Трајанов одлучи да стави крај на активната кариера. Тој одигра 35 натпревари за националниот тим и беше стрелец на два гола. Најголем дел од кариерата ја мина на печалба, а осум сезони го носеше дресот на бугарскиот клуб Локомотив Пловдив, каде и ја завршува кариерата.

„Тешка е одлуката да ставиш крај на активната кариера. Сакам да искажам благодарност до сите соиграчи и тренери со кои сум играл, секогаш ќе ги паметам убавите фудбалски моменти. Посебна благодарност до моето семејство кое ми даваше максимална поддршка, а во иднина ќе работам како скаут на Локомотив Пловдив, и ќе бидам дел од младинската школа на клубот“, изјави Ванчо Трајанов.

Се вчитува...