Златан Ибрахимовиќ беше херојот во победата на Милан од 1-2 против Интер во италијанското дерби „Дела Мадонина“.
А, поразот на Интер едвај го дочека Ванда Нара, сопругата и агент на Мауро Икарди кој сега игра во ПСЖ, а кој на лош начин се раздели со „нераѕурите“. Ванда имаше бројни судири со челниците на Интер, па сега ги боцна сите на „Џузепе Меаца“ испраќајќи порака со честитка до „пријателите од Милан“.
„Без љубов нема дерби. Честитки до моите пријатели од Милан“ – напиша Ванда предизвикувајќи бројни реакции од навивачите на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА