Ванда Нара со нов ултиматум до Интер: Ако тоа не го направите, Икарди веќе нема да заигра

Нервозата меѓу Мауро Икарди и раководството на Интер постојано расте, а дополнителен проблем е активноста на Ванда Нара, сопругата на аргентинскиот фудбалер и воедно негов агент, која поставува огромни услови во преговорите за нов договор со „нероаѕурите“. Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ открива дека Ванда Нара му поставила нов ултиматум на Интер.

Таа побарала клупското раководство да му упати официјално извинување на фудбалерот, а потоа и да му ја врати одземената капитенска лента.

„Ако тоа не го направите, Икарди веќе нема да заигра за Интер“, наводно рекла Ванда Нара во преговорите со челниците на италијанскиот калчолигаш.

Раководството на клубот одлучи да му ја одземе капитенската лента на Икарди и му ја довери на Самир Хандановиќ, а аргентинскиот напаѓач веќе два меча не е во составот на тренерот Лучијано Спалети. Веќе почнаа шпекулациите дека Мауро Икарди сигурно ќе си замине, а за него се заинтересирани неколку европски клубови, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челси, ПСЖ…

Се вчитува...