Ванеса: Бог не можеше да ги раздвои Коби и Џиџи, затоа ги зеде двајцата на небото

Сопругата на Коби Брајант, Ванеса, скршена од болка говореше пред илјадници присутни на комеморацијата на кошаркарската суперѕвезда во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес. Заедно со Коби животот го загуби и неговата ќерка Џиџи, што според Ванеса било судбина со оглед на нивната неверојатна поврзаност.

„Бог очигледно знаеше дека не може никако да ги раздвои Коби и Џиџи, затоа ги зеде двајцата на небото. Злато, чувај ми ја Џиџи, јас ги имам овде Нани, Би-Би и Коко, се уште сме најдобриот тим. Секогаш се шегувавме дека еден ден ќе биде „кул“ дедо и баба, а сега нема да може да си ги одведе ќерките до олтар на нивните свадби. Двајцата почивајте во мир и забавувајте се на небото додека не дојде денот повторно да се сретнеме. Ве сакаме и ќе ни недостигате засекогаш“, изјави Ванеса Брајант.

Се вчитува...