Три дена по трагичнат хеликоптерска несреќа во која животот го загуби кошаркарската НБА легенда Коби Брајант се огласи неговата сопруга, Ванеса. Во обраќање на социјалните мрежи, Ванеса заблагодарува на милионите луѓе кои сочувствуваат со големата загуба на нејзиното семејство. „Комплетно сме скрешени“, вели Ванеса за неа и за трите ќерки.
„Нема доволно зборови за да се опише нашата болка. Утеха ми е тоа што Коби и Џиџи знаеја дека се многу сакани“ – стои во дел од пораката на сопругата на Коби.
Ванеса и Коби во брак беа 20 години, имаа четири ќерки. Живтот го почнаа бурно, бракот не го одбруваа неговите родители. Имаа проблеми и кога Коби беше обвинет за сексуално злоставување и кога ги призна неверстава. Поднесоа и барање за развод, но го повлкоа. Во последните години живееја мирно и минатата година им се роди и четвртото девојче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА