ВАР-фарса во Италија: Наместо гол за СПАЛ – пенал за Фиорентина (видео)

Фиорентина славеше со убедливи 1-4 на гостувањето против СПАЛ, но конечниот исход дефинитивно ќе беше поинаков доколку не се случеше фарса со ВАР-технологијата во 79. минута.

СПАЛ постигна гол за водство од 2-1, но судијата по консултациите со ВАР собата ја врати играта една минута претходно, кога Киеза беше соборен во шеснаесетникот на домаќините. Така, радоста на домашните играчи беше залудна, па нивниот гол беше поништен, а наместо тоа беше покажано на белата точка во корист на Фиорентина.

Гостите постигнаа гол и поведоа со 1-2, а потоа преку Симеоне и Силва стигнаа до убедлива победа.

Се вчитува...