Фудбалерите на Борусија Дортмунд загубија на гостувањето кај Хофенхајм со 2-1 во трилер натпревар како дел од 30. коло од сезоната во германската Бундеслига.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со голот на хрватскиот интернационалец Андреј Крамариќ од пенал во 41. минута. Гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Гираси во 87. минута. И кога сите очекуваа крај на мечот, домаќините добија уште еден пенал кој повторно успешно го реализираше Крамариќ за конечен триумф од 2-1.
Hoffenheim [2] – 1 Borussia Dortmund – Andrej Kramarić 90'+8' (Pen.)
byu/50lipaa insoccer
Во останатите мечеви од програмата од 15.30 часот: Баер Л. – Аугзбург 1-2, Унион Б. – Волфзбург 1-2 и Вердер – Хамбургер 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
