„ВАР-консултација“ и во Македонија: Судиите во дилема дали е гол или не за Шкупи против Работнички? (ВИДЕО)

Шкупи од 51. минута со голот на Сандеј Адетунџи води против Работнички во првиот натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На Чаир, Шкупи поведе од ситуација во која следеше и „ВАР-консултација“ меѓу судиите дали имаше или не офсајд позиција од страна на Марко Ѓоргиевски во ситуацијата при која Адетунџи шутираше кон противничкиот гол.

На крај, очигледно беше дека Ѓоргиевски е во пасивна офсајд-позиција, но, согласно судиската одлука, без пречки за противничкиот голман, поради што голот беше признаен.

Се вчитува...