ВАР од следната сезона во Лигата на шампионите

Видео асистенцијата од следната сезона ќе се корсити  и во Фудбалската Лига на шампионите соопшти УЕФА. Покрај во елитното фудбалско натпреварување, ВАР-системот ќе биде во функција и на ЕУРО 2020, во Лигата на Европа од сезоната 2020/21, во финалето на Лигата на Нации во 2021 година и уште во Суперкупот во 2019 година.

„Сигурни сме дека до воведувањето на ВАР во август 2019 ќе имаме доволно време да го спроведеме системот и да ги подготвиме сите што ќе треба да работат на него и оти ќе имаме успешна имплеметацијана  ВАР во Лигата на шампионите“ – изјави претседателот на УЕФА. Александар Чеферин.

ВАР веќе се користи во неколку национални првенства, а беше во функција и на Светското првнество во Русија.

Се вчитува...