Сите судиски одлуки донесени со видео асистенција (ВАР) на Европското првенство во Германија ќе бидат објаснети во реално време на стадионот и на гледачите, најави шефот на судиската комисија при УЕФА, Роберто Росети.
За време на прес-конференцијата на која беше презентиран судискиот систем планиран за Еуро 2024, Росети навести дека ситуациите кои вклучуваат интервенција од ВАР просторијата ќе се емитуваат на стадионот.
„По видео помошта, техничкото образложение на одлуката ќе биде емитувано на гигантските екрани на стадионот“, изјави Росети.
Истото соопштение ќе биде ставено на располагање на коментаторите на натпреварот за да можат да им објаснат на гледачите. Росети изјави и дека само капитените на тимовите ќе смеат да разговараат со судијата, а разговорот на кој било друг играч ќе биде санкциониран со жолт картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА