ВАР пак кобен за Ливерпул – само бод против Брајтон

Ливерпул во финишот остана без планирани два бода на гостувањето против Брајтон, откако домаќините постигнаа гол од пенал во 92. минута за конечни 1-1.

Брајтон претходно промаши еден пенал во 20. минута, кога Мопеј шутираше крај дирекот на Алисон Бекер. Во првото полувреме „црвените“ постигнаа гол преку Салах, кој беше поништен поради милиметарски офсајд на египетскиот голгетер.

Конечно, беше постигнат и признат гол во вториот дел, кога Жота одлично се снајде и го матираше голманот на Брајтон. Садио Мане погоди за 0-2, но и овој гол беше поништен поради офсајд, за потоа ВАР уште еднаш да му пресуди на Ливерпул, повикувајќи го главниот судија да ја прегледа снимката за стартот на Робертсон над Велбек, по што Грос го реализираше ударот од белата точка за конечни 1-1.

Се вчитува...