ВАР-пародија: Србите урнаа рекорд

Неверојатна случка го одбележа дуелот од српското првенство меѓу Радник и Спартак Суботица, откако ВАР-арбитрите поставија рекорд за тоа колку време им требаше за да донесат одлука по вториот погодок за домашниот тим.

Вукашин Богдановиќ стрелаше прецизно во 58. минута, но радоста беше привремено прекината откако главниот судија побара помош од ВАР-собата да утврди дали фудбалерот на Радник се наоѓал во офсајд.

Никој не можеше ни да претпостави дека арбитрите во ВАР-собата ќе влезат во толку длабока анализа, па цели 12 минути не можеа да донесат конечна одлука. Страстите на теренот и на двете страни зовреа, а голот на крајот беше признат…

Судејќи според фотографијата што е земена од ВАР-анализата, конечната одлука е исправна, но прашање е зошто се чекаше толку долго…

Се вчитува...