ВАР собата не била празна – режисерот е „виновен“?!

Неверојатна ситуација се случи на синоќешниот натпревар од Ла Лига меѓу Реал Мадрид и Валјадолид, кога судијата на мечот Хесус Хил Манцано побара помош од ВАР – системот. Собата беше празна, што предизвика лавина реакции во спортската јавност.

Објаснувањето е многу едноставно. Имено, грешката била кај режисерот кој во ТВ преносот прикажал погрешна соба. Судиите, наводно, професионално ја извршиле својата работа.

Се вчитува...