„ВАР за сиромашни“: Судија во Србија поништи гол откако навивач му покажа снимка на телефон (ВИДЕО)

Интересна ситуација ни доаѓа од фудбалски натпревар на нисколигаши во Србија каде судијата ја промени одлуката по преглед на снимка од телефон.

Имено, откако судијата го призна голот на гостите, по негодување на домашните навивачи мораше да ја прегледа снимката, а откако утврди дека станува збор за офсајд ја промени одлуката. „ВАР за сиромашни“, како што го нарекоа српските медиуми беше телефон на еден од навивачите.

Се вчитува...