Варан: Кога играме добро не даваме гол, а тие…

Фудбалерите на Реал Мадрид имаат право да бидат разочарани по убедливиот пораз на големото дерби со Барселона. Конечниот исход од 0-3 не е реална слика за случувањата на теренот, особено ако се земе во предвид првото полувреме во кое „кралевите“ беа далеку пдобри, но не ги искористија шансите што ги создадоа.

„Фрустрирачки е да се загуби дерби со еден ваков резултат, уште повеќе бидејќи разликата на теренот не беше толкава. Кога ние игравме подобро не дадовме гол, а тие го сторија токму тоа во моментите на својата доминација. Тоа беше разликата на оваа средба, реализацијата на шансите“ – изјави дефанзивецот Рафаел Варан.

Со денешниот пораз Реал Мадрид сега заостанува огромни 14 бода зад големиот ривал („кралевите“ имаат и натпревар помалку), но јасно е дека избраниците на Зидан нема предвреме да се откажат во битката за титулата.

Овој резултат не го менува сето она што го постинавме во 2017 година, но јасно е дека ќе ни ја отежни работата во 2018. Како и да е, ние сме Реал Мадрид и никогаш нема да се предадеме“ – порача Варан.

Се вчитува...