Варан не може да го замисли Реал без француската легенда: Зидан нè инспирираше, ќе биде невообичаено без него

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан вели дека ќе биде многу чудно без Зинедин Зидан како тренер на Реал Мадрид, бидејќи тој беше извор на инспирација за сите во тимот. Легендарниот Французин во четвртокот по втор пат официјално го напушти Сантијаго Бернабеу, по двегодишен мандат.

Варан упати само комплименти за француската легенда, па изјави дека заминувањето на Зидан ќе остави празнина кај сите негови колеги, но и кај фановите на „кралевите“.

„Тој е тренер кој ја покажува својата хумана страна. Зидан е извор на инспирација не само за мене, туку и за многу играчи кои го запознаа. Реал без Зизу е невообичаен не само за мене, туку и за целата генерација на фудбалери“, истакна Варан.

Одличниот стопер е многу благодарен за сè што неговиот сонародник направи за него.

„Мојата прва реакција на веста за заминувањето на Зидан е чувството на гордост што го стекнав во изминатите десет години. Ме донесе од Ленс во Реал, каде научив многу од него. Беше задоволство да соработувам со него и би било убаво да се сретнам повторно во иднина. Тој е одличен тренер и исклучителна личност“, заклучи Варан.

Засега, прашањето за наследникот на Зидан останува отворено. Најголеми шанси има Антонио Конте, иако во игра е и Раул Гонзалес, поранешниот капитен на Реал, кој во моментов ја води јуниорската селекција на „кралевите“.

Се вчитува...