Варан трагичар за Реал Мадрид, Лион ги натажи Роналдо и Јуве (ВИДЕО)

Рафаел Варан е трагичар на ноќта во Лигата на шампионите. Францускиот стопер направи два кикса со кои му донесе победа на Манчестер Сити од 2-1 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Прво во 9. минута направи голем кикс кој во гол го претвори Рахим Стерлинг, а потоа и во второто полувреме повторно погреши, а овој пат неговата грешка ја искористи Габриел Жезуз во 68. минута. Стрелец на единствениот погодок за кралевите беше Карим Бензема во 28. минута.

Кристијано Роналдо не беше доволен за пласман на Јувентус меѓу осумте најдобри во Европа. Иако „старата дама“ со двата гола на Португалецот стигна до победа над Олимпик Лион со 2-1, поради поразот во првиот натпревар во Франција од 1-0, Лион ќе патува во Лисабон. Гостите преку Мемфис Депај во 12. минута од пенал стигнаа до водство, а на ист начин Роналдо израмни на 1-1. Португалецо во 60. минута со еврогол донесе ги постави конечните 2-1 кои беа недоволни за четвртфинале.

 

 

 

Се вчитува...