Вардар 1961 со убедлива победа ја отвори новата сезона во Суперлигата

Ракометарите на актуелниот шампион со убедлива победа ја отворија новата сезона во Суперлигата во која ја бранат двојната круна. Вардарци во салата „Јане Сандански“ со 31:19 го совладаа вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Резултатската неизвесност беше присутна само во воведните минути, по што следеше серија на Вардар од 4:0 за водство од 8:4 и до крајот на првиот дел предноста само се зголемуваше.

На полувреме се замина со 18:9 за шампионот, по што второто полувреме претставуваше формалност и единствена неизвесност беше само со колкава разлика ќе слават вардарци. На крајот славеше со 31:19 за убедлив старт на одбрана на титулата.

Тренерот Чупиќ им даде шанса на сите ракометари кои ги пријави за овој меч, најпрецизен беше Фадуил со шест гола, по пет дадоа Тузолана и Митровиќ, додека на спротивната страна најдобар беше Симоновски со четири постигнати голови.

Се вчитува...