Македонскиот шампион Вардар доби релативно лесна ждрепка за 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите, ако најпрво ја мине првата квалификациска пречка.
Во второто квалификациско коло, Вардар би играл со подобриот од пресметката од 1. квалификациско коло меѓу азербејџанскиот шампион Сабах и ТНС од Велс.
Но, најпрво „вардарци“ ќе мора да го минат финскиот шампион Купс во 1. квалификациско коло. Првиот натпревар се игра во Скопје на 7/8 јули, а реваншот е во Финска на 14/15 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
