Вардар бара играч од Барселона!?

Ракометар од актуелниот состав на Барселона е на мета на Вардар. Актуелниот европски шампион во реконструираниот состав за следната сезона сака да го донесе кубанскиот пикер Алексис Хернандес Боргес кој минатото лето дојде во Барселона од тимот на Порто.

Боргес со Барселона има договор на една сезона со опција за продолжување на соработката и во наредните две сезони.

Како што дознава ЕКИПА, од Вардар има интерес и понуда за пикерот на Барселона, но засега од Кубанецот нема потврден одговор.

Од редовите на европскиот шампион на крајот од сезоната веќе е потврдено дека си заминуваат неколку ракометари – Арпад Штербик (Веспрем), Илија Абутовиќ (Рајн Некар Левен), Лука Циндриќ (Кјелце), Мијајло Марсениќ (Берлин), а во најава е дека друга опција за следната сезона ќе си бараат уште неколку играчи од актуелниот состав на Вардар. Промена ќе има и на клупата, тренерот Раул Гонзалес заминува во ПСЖ, а на негово место ќе дојде Роберто Парондо кој сега е помошник тренер во женскиот тим на Вардар. Овие заминувања од Вардар следуваа по изјавата на газдата на Вардар дека на крајот на сезоната се повлекува од клубот, која потоа беше повлечена. Но, неофицијално остана најавата за значително намалување на буџетот. Финансиската криза во редовите на шампионот ја потврди и шпанскиот репрезентативец Жоан Канељас во неодамнешното интервју за шпанските медиуми во кое потврди дека им доцнат платите и дека ракометарите му веруваат на збор на претседателот дека ќе им бидат исплатени заостанатите побарувања или барем дел од нив.

Се вчитува...