Вардар без Атман, Горпишин и Скубе гостува кај Пекинг

Европскиот првак Вардар некомплетен ќе му гостува утре на дебитантот во СЕХА лигата, тимот на Пекинг СУ во Загреб. Тоa ќе биде последна контрола пред дуелот со Мешков во ЕХФ лигата на шампионите. Павел Атман и Сергеј Горпишин се повредени и остануваат во Скопје да им биде извршен лекарски преглед, а Сташ Скубе е болен и доби препорака неколку денови да не тренира и да мирува. Тие се приклучуваат на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште не почнале да играат.

„Имавме долг и напорен пат за време на ЕХФ неделата. Сега веднаш почнуваме со натпревари. Можеби на хартија Пекинг е аутсајдер, но ние никогаш не го потценуваме ривалот. Сакаме да одиграме максимално, бидејќи ова е сепак официјален натпревар. Пекинг од натпревар во натпревар игра подобро, и ние секако тоа го сфаќаме сериозно. Имаме проблеми во нашиот тим, но, секако сите други ќе дадат се од себе“, изјави Едуард Кокшаров, тренерот на Вардар.

На првиот меѓусебен натпревар на почетокот на сезоната, Вардар победи со 37-23.

Се вчитува...