Вардар без Чупиќ, Сегед без Балог

Тренерите на Вардар и на Пик Сегед се соочуваат со проблеми во пресрет на меѓусебниот дуел што ќе треба да го играат претстојниот викенд во рамките од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ нема да можат да сметаат на услугите на Иван Чупиќ, кој поради повреда ќе го пропушти не само дуелот со Сегед, туку најверојатно и сите преостанати натпревари (гостувањето во Нант и домашниот меч со Висла) до крајот на групната фаза што завршува на 4 март.

На спротивната страна, Пик Сегед се уште нема да смета на Золтан Балог, еден од лидерите на тимот кој се надеваше на камбек во Скопје, но не успеа да се рехабилитира навреме од својата повреда.

„Сакав да играм со Вардар, но тоа не е возможно. Ќе тренирам напорно во следните денови за да се вратам за наредното коло, домашниот натпревар против Загреб“ – изјави Балог за клупската веб-страница на унгарскиот вицешампион.

Се вчитува...