Вардар без Мораеш против Нексе

Бразилскиот пикер Рожерио Мораеш нема да биде во составот на Вардар на утрешниот дуел против Нексе (20.45 ч.) во СЕХА лигата. Овој меч за варадрци доаѓа меѓу двата настапи во Лигата на шампионите, минатата сабота против Мешков Брест и претстојниот дуел со Барселона и тренерот Роберто Парондо мора да го ротира составот и да одмори дел од играчите.

Мораеш ќе биде на поштеда поради повредата на коленото што ја влече подолго време.

„Денеска на тренинг ќе провериме како ќе биде екипата, како се ракометарите и кој ќе може да игра. Рожерио сигурно нема да настапи бидејќи има проблем со коленото и ќе одмара“ – потврди Роберто Парондо.

По перфектниот старт, вардарци во последните два натпревари остнаа без бодови по поразот од ППД Загреб, а потоа и од Мешков Брест на дуелот на кој настапија само со четворица првотимци и со играчи од младинскиот тим. По саботната победа против Мешков Брест во Лигата на шампионите, императив на „црвено-црните“ да се вратат во победнички ритам и во натпреварите во СЕХА.

„Нексе игра одлично во СЕХА лигата досега. Имаа неколку навистина добри натпревари и ќе ни биде тешко. Играат добра одбрана, имаат брзо темпо и прават многу промени во одбраната. Ќе мора да внимаваме на тоа. Имаат добри играчи во нападот и создаваат лесни ситуации за шут од 10 метри“ – истанкнува Парондо.

Хрватскиот вицешампион во Скопје доаѓа засилен со доскорешниот прв стрелец на Металург, Халил Јагањац.

Натпреварот Вардар – Нексе е утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...