Вардар без поголеми проблеми славеше над Бутел

Двократниот европски шампион Вардар без поголеми проблеми славеше на домашен терен против Бутел со 26-20 во скопската пресметка како дел од заостанатиот натпревар од 9. коло во македонската Суперлига.

Големиот фаворит уште од самиот старт тргна фуриозно. Во неколку наврати во првиот дел имаше предност од пет голови, а на пауза замина со позитива од четири гола (13-9). Во вториот дел избраниците на Владо Недановски рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од  26-20.

Марко Срдановиќ со шест погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека еден помалку постигна Милан Лазаревски. Кај поразените со шест погодоци заврши Бојан Спасовски.

Се вчитува...