Вардар без проблеми против истоименикот од Неготино

Двократниот европски шампион Вардар без проблеми стигна до нов триумф во ракометната Суперлига на Македонија откако вечерва во 12. коло славеше на гостувањето кај својот истоименик во Неготино со 22-35.

Домаќините успеваа да бидат во егал со големиот фаворит некаде до средината на првиот дел кога резултатот беше 9-10. До крајот на првите 30 минути следеше серија на „црвено-црните“ од Скопје која на пауза им донесе веќе комотни плус пет 12-17.

Во вториот дел разликата само се зголемуваше за на крајот да се стигне до конечните 22-35.  Ален Ќосевски со осум погодоци беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Лазар Адамовиќ заврши со девет погодоци.

Се вчитува...