Вардар без проблеми против Мулти Есенс ја стартуваше одбраната на титулата во Купот на Македонија

Бранителот на титулата од минатата сезона во Купот на Македонија, Вардар без проблеми ја стартуваше одбраната на трофејот откако во првото коло од националниот куп на домашен терен славеше со убедливи 43-18 против Мулти Есенс.

Големиот фаворит уште од самиот старт на мечот тргна фуриозно па по првите триесет минути имаше двојно повеќе постигнати погодоци од својот противник (20-10). Во второто полувреме „црвено-црните“ рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 43-18. Филип Талески со десет погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Дамјан Митев заврши со пет гола.

Победниците од овие елиминациски натпревари (16 екипи) ќе се натпреваруваат во четвртфинални групи и ќе бидат поделени во 4 групи по 4 екипи.

Куп на Македонија 1. коло:

Вардар – Мулти Есенс

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија

Тиквеш – Кичево

Јуниор КВ – Драчево

Алкалоид – Астраион

Голден Арт – Овче Поле

Аеродром – Пролет

Младост Богданци – Охрид

Скопје – Бисинов

Радовиш – Преспа

Еурофарм Пелистер – Текстилец

Јехона – Бутел Скопје

Струга – Македонија Ѓорче Петров

Еурофарм Пелистер 2 – Шампион

Куманово – Голден Арт 2

Прилеп – Металург РА

Се вчитува...