Вардар без проблеми против Мулти Есенс

Двократниот европски ракометен шампион Вардар стигна до нова лесна победа во домашната Суперлига откако вечерва како дел од 13. коло од групата Б славеше на гостувањето кај новајлијата Мулти Есенс со убедливи 23-40.

Уште од самиот старт „црвено-црните“ тргнаа фуриозно па веќе по половина од првиот дел имаа предност од пет голови (5-10). До крајот на првиот дел разликата само се зголемуваше, а на пауза избраниците на Владо Недановски заминаа со преднсот од плус девет (11-20).

Во второто полувреме искусните вардарци само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 23-40. Милан Лазаревски со седум гола беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа осумте погодоци на Валентин Карасманакис.

Се вчитува...