Вардар чека спас од Благој Георгиев, а тој си заминал на меден месец со русокосата Златка

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е доведен во таква очајна ситуација, поради долговите што ги направи рускиот спонзор Сергеј Самсоненко, што чека спас од поранешниот бугарски фудбалер Благој Георгиев. Тој од поодамна е контроверзен лик во бугарскиот јавен живот и најмногу се интересира за убавиците. Во бугарските медиуми тврдат дека „спасителот“ Благој Георгиев си заминал на таен меден месец со избраничката Златка Рајкова.

Георгиев, како што беше најавено, требаше минатата недела да дојде во Скопје и да го преземе Вардар со подмирување на долговите оставени од Самсоненко, околу 2 милиони евра, но очигледно дека заминал да се опушти со својата избраничка.

Бугарските медиуми тврдат дека Благој Георгиев и Златка Рајкова се на меден месец во Банко. Ова откако русокосата убавица Златка на Инстаграм објавила заедничка фотографија и посочила тагови – сопруг и меден месец.

Георгиев во Македонија е претставен како посредник на украинско-руски конзорциум кој има намера да го преземе најтрофејниот македонски клуб Вардар.

 

Се вчитува...