Македонскиот шампион Вардар има 0-0 по првите 45 минути на реванш средбата против фински Купс во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
На дуелот во Куопио, „црвено-црните“ сега со далеку подобро издание од она прикажаното во Скопје, но и покрај неколку можности не успеаја да дојдат до погодок за олеснување на битката во второто полувреме да се анулираат оние два гола негатива од првиот натпревар на „Тодор Проески“ кога Купс славеше со 0-2.
Вардар имаше убава можност за погодок уште во 4. минута од средбата, но неговиот шут заврши за малку покрај голот на домашните. Потоа и капитенот Омерагиќ убаво реагираше од непосредна близина, но повторно за малку непрецизно.
Потоа и Родригез во ситуација, која неумешно ја искористи за евентуално водство.
Армах и Јири, пак, на спротивната страна, имаа убави шанси за Купс да дојде до предност, но на крај мрежите мируваа по првите 45 минути
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
