Ракометарите на Вардар 1961 на најдобар можен начин ја започнаа сезоната во која ќе ја бранат двојната круна и ќе играат во Лигата на шампионите, со триумф во Суперкупот на Македонија.
Вардарци во Гевгелија со 32:31 го совладаа одличниот тим на Охрид и по петти пат го кренаа пехарот во Суперкупот.
Најзаслужни за победата на црвено-црните беа Воркапиќ со 12 гола, Малус со седум, како и голманот Валах кој го одбрани последниот шут на охриѓаните во последните моменти од мечот.
Пехарот на вардарци им го предаде министерот за спорт и млади, Борко Ристовски, во присуство на претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
