Вардар е во Топ 4 во Европа и на најновата листа на ЕХФ

Со денешниот натпревар меѓу Кил и Некар Левен и официјално стартува нокаут фазата од ракометната Лига на шампиони. Тоа е вистински момент за ЕХФ да ја објави својата најнова Топ 10 листа на рангирање на најдобрите клубови во Европа, на која при самиот врв повторно се наоѓа Вардар.

„Црвено-црните“ се четврторангирани на последната Топ листа, што е јасен предзнак дека на Вардар се гледа како на еден од најсериозните кандидати за пласман на фајналфор турнирот во Келн.

Вардар досега има загубено само еднаш дома (од Некар Левен), но го надополни тоа со победа во Манхајм, исто така славеа и против Кјелце и Сегед. Изненадувачки, послабите екипи им го загорчија животот на Македонците, нивните порази во Брест и во Загреб можеа да ги чинаст прво место, но избраниците на Раул Гонзалез го издржаа притисокот и заслужено го освоија првото место кое води во четвртфиналето. Со трета најдобр гол-разлика (+34) и моќни настапи на домашен терен, Вардар делува подготвен за своето прво патување во Келн“ – пишуваат аналитичарите на официјалната веб-страница на ЕХФ Лигата на шампиони.

ПСЖ е новиот лидер на ЕХФ ранг-листата откако францускиот првак во однос на претходното рангирање сега ја прескокна Барселона. Каталонскиот гигант е второпласиран, пред Веспрем на третото место, а зад Вардар се наоѓаат екипите на Кјелце, Фленсбург, Пик Сегед, Некар Левен, Кил и Мешков Брест.

Се вчитува...