Вардар ги дозна потенцијалните противници на стартот од квалификациите во ЛШ

По комплетирањето на преостанатите европски првенства, комплетирана е листата на можни ривали на македонскиот шампион Вардар за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Со завршувањето на шампионатите во Романија и Ерменија, УЕФА ги дефинираше носителите и неносителите во пресрет на претстојната ждрепка.

Вардар ќе ја започне својата европска авантура како неносител, што значи дека за противник ќе добие на хартија посилен тим. Меѓу потенцијалните ривали се наоѓаат квалитетни екипи со големо европско искуство, па црвено-црните ги очекува сериозен предизвик уште на самиот старт на квалификациите за елитното друштво.

*МОЖНИ ПРОТИВНИЦИ: 

Шамрок Роверс (Ирска)
КУПС (Финска)
Дрита (Косово)
Линколн Ред Импс (Гибралтар)
Борац Бања Лука (БиХ)
Викингур (Исланд)
Каират Алмати (Казахстан)
Крајова (Романија)
Рига (Летонија)
КИ Клаксвик (Фарски Острови)
Флора Талин (Естонија)
Ларне (Северна Ирска)
Петрокуб (Молдавија)
ТНС (Велс)

 

Се вчитува...