Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Нант

Ракометарите на Вардар по пауза од три сезони се враќаат во Лигата на шампионите. Црвено-црните се во групата Б заедно со екипите на Нант, Мелсунген и Висла Плоцк, а првиот натпревар во салата „Јане Сандански“ ќе го играат на 16-ти септември против францускиот тим.

Од Вардар денеска објавија дека се пуштени картите во продажба за дуелот со Нант.

Цената на билетите изнесува 400 денари за блоковите 1,2,9 и А, 500 денари за блоковите 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15,16 и Г, и 600 денари за блоковите А1,А2,А3,А4,А5 и А6.

Тикетите ќе се продаваат исклучиво онлајн и тоа на следниот линк https://vtickets.mk/event/vardar-1961-vs-nant/224.

 

Се вчитува...