РК Вардар ги извести навивачите дека влезниците за големото дерби против РК Пелистер се веќе достапни по цени од 250 до 350 денари. Натпреварот ќе се одигра на 7 мај во 19 часот во салата „Јане Сандански“.
Овој дуел има огромно значење бидејќи на „црвено-црните“ им е доволен и само еден бод за официјално да ја вратат титулата во Скопје. Се очекува преполна сала и пеколна атмосфера во која битолчани, доколку не победат, ќе мора да му ја препуштат круната на новиот шампион на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

