Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Рига

Македонскиот шампион Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против летонска Рига.

По елиминацијата од Купс во Лигата на шампионите, „вардарци“ ги продолжуваат своите натпревари во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Првиот натпревар Вардар го игра на домашен терен, на дуелот кој се игра на 22 јули на националната арена „Тодор Проески“.

Билетите за овој натпревар против Рига, кој се игра на 22 јули од 20 часот, може да се набават преку онлајн платформата на МК Тикетс.

Се вчитува...