Двократниот ракометен шампион Вардар ги пушти во продажба картите за дуелот против Рајн Некар Левен во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.
Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар е закажан за 26 август 2023 со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански”. Цената на картите ќе се движи од 200 до 300 денари.
Продажбата на билетите ќе се врши:
онлајн на https://mktickets.mk/event/var_rnl/ и преку продажната мрежа на Мктикетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА