Фудбалерите на Вардар стигнаа до нова победа откако во премиерниот меч од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига славеа на гостувањето кај Шкупи со 0-2.
Првото полувреме не донесе големи возбудувања се до самиот финиш. Првото возбудување се случи кога црвен картон доби тренерот на гостите, Гоце Седлоски. По еден старт на средината на теренот, Седлоски беше видно незадоволен од судиската одлука по што жестоко реагираше. По овие реакции главниот судија на мечот Стојанче Трпчевски му даде директен црвен картон.
По црвениот картон следуваше и ново возбудување откако гостите во 45. минтуа стигнаа до водство од 0-1. Стрелец на голот за Вардар беше Мато.
Во вториот дел конечните 0-2 ги постави Матиќ во 70. минута
ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (денеска 16.00)
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР 0-1
Мато 45′, Матиќ 70′
УТРЕ 16.00
Гостивар: БЕСА – АП БРЕРА
Скопје: ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – слободен (ВОСКА СПОРТ се повлече од Првата лига)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА