Ракометарите на Вардар дојдоа до вториот триумф во ЕХФ Лигата на Европа, откако го совладаа тимот на Тулуз на гостински терен со …. и ја продолжуваат победничката серија во оваа сезона по доаѓањето на Иван Чупиќ на кормилото.
Имаа „црвено-црните“ ракометари имаа предност и од +7 на полувремето (11-18), но во вториот дел домашните ракометари „стегнаа“ заиграа поорганизирано, и во еден момент стигнаа и до еден гол разлика. Но, ракометарите на македонскиот тим на крајот успеаја да дадат неколку клучни голови, повторно да ја зголемат предноста од +4, што беше клучно за победата.
За малку ќе беше „од готово – вересија“, откако избраниците на Чупиќ на стартот од вториот дел дојдоа и до +9 (11-20 и 12-21). Но, таа разлика брзо се стопи, а Тулуз направи серија од 11-2, и стигна до 22-23, а потоа и 23-24. Но, следуваа после три гола по ред на Вардарци кои заминаа на +4.
Јака Малус со шест голови беше најефикасен кај Вардар, Хориха постигна четири. Кај Тулуз Илиќ постигна седум.
Во првото коло, Вардар на домашен терен го совлада Тулуз, а во следното оди на гости кај Кристијанштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

