Вардар го прегази и Голден Арт за „седум од седум“ во Суперлигата

Ракометниот клуб Вардар ја запиша седмата победа во седмиот натпревар од Суперлигата откако на гостински терен славеше против Голден Арт со 21-32. Нашиот најтрофеен ракометен колектив во натпреварот влезе со скратена ротација, но и тоа не беше проблем за избраниците на Владо Недановски да забележат убедлива победа.

Текот на натпреварот „црвено-црните“ го најавија уште од самиот старт кога поведоа со 1-8, а водството го задржаа до крајот на средбата. До полувремето Голден Арт успеа да намали на 11-14 благодарение на серијата од 3-0 во самиот финиш, но вардарци не дозволија домаќинот да се надева на победа со убедлива игра во вторите 30. минути.

Ончев со пет голови го предводеше Голден Арт, додека најрасположени кај Вардар беа Родригез и Николиќ со по осум постинати голови.

Се вчитува...