Вардар го прегази ППД Загреб, голема победа за лидерска позиција

Вардар го победи ППД Загреб со 25-20 во 10.натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, прв по зимската пауза во ЛШ. Со седмата победа во групната фаза, макеоднскиот шампион се искачи на првото место во групата Б од Лигата на шампионите. Вардарци сега имаат 14 бода исто колку што има и Кјелце на втората позиција со послаба гол разлика.

Иако, според најавите се очекуваше „тесен“ и неизвесен натпревар, дуелот вио „Јане Сандански“ помина во целосна доминација на „црвено-црните“. Ватрдарви  влегоа добро подготвени и решени да обезбедат сигурна победа која ги носи на лидерската позиција во групата и имаа контрола на играта и на резултатот во сите 60 минути.

Раул Гонзалес го отвори натпреварот со  Тимур Дибиров, Александар Деревен, Игор Карачиќ, Алекс Душебаев, Иван Чупиќ, Мијајло Марсениќ  и Арпад Штербик на голот, со една измена во одбрана, со Илија Абутовиќ на местото на Деревен. И тоа се покажа како добар потег. Вардарци имаа одличен старт и водство од 5-0 по првите седум минути од натпреварот. Одбраната на „црвено-црните“ и Штербик на голот функционираа беспрекорно, а разноврсноста во нападот носеше ефикасност и брза реализација. На гостите од Згареб им беа потребни дури осум минути игра за да дојдат до првиот погодок преку Златко Хорват за 5-1, а по првите десет минути имаа само два погодици (6-2).

vardar-zagreb 2017 (1)

Иван Стевановиќ со три одбрани во серија го скрши ритамот на „црвено-црните“ и му овозможи на ППД Загреб да фати приклучок и да ја намали разликата на 7-4 на средината од првиот дел.

Раул Гонзалес реагираше со измена на бековската линија на која Лука Циндриќ го замени Карачиќ, а Жоан Канељас влезе на местото на Деревен. Вардар одново се врати на +5 (9-4), а во 20 минута, Циндриќ зголеми на 10-4, резултат со кој „црвено-црните“ влегоа во последните десет минути од првиот дел. Вардар ја имаше контролата врз играта и резултатот не дозволувајќи му на противникот посериозно да го загрози голот на Штербик. ППД Загреб го имаше Стевановиќ кој со седум одбрани во првиот дел колку толку ги држеше во игра, но и премногу технички грешки во нападот, дури 13, што Вардар знаеше да ги казни и на одмор да отиде со шест гола предност (14-8).

vardar-zagreb 2017 (9)

Доминацијата на „црвено-црните“ продолжи и во второто полувреме. Иван Чупиќ вио 34.минута прв пат му донесе на Варадр седум гола предност зголемувајќи го водството на 16-9. А, пет минути потоа Карачиќ погоди за 17-10. Гостинскиот тренер, Силвио Ивандија побара тајмаут и се обиде да ги врати своите аркометари во ритам, по серијата грешки во нападот. Но, хрватскиот шампион и во продолжението тешко  наоѓаше решение на одбраната на Вардар со формација 5-1 со Дибиров напред, а дополнителен проблем им беше и Штербик на голот. Голманот на Вардар заврши 13 одбрани и дополнително го демотивираше противникот. Во последната четвртина од мечот вардарци влегоа со предност од 19-12 и со практично веќе осигурана победа.„Црвено-црните“ и во финишот ги дрежеа сите конци во свои раце, а  хрватскиот шампион немаше ни игра ни сили посериозно да ја загрози предноста на домаќините.

vardar-zagreb 2017 (8)

Најефикасен кај Вардар беше Алекс Душебаев со седум гола. Лука Циндриќ и Игор Карачиќ постигнаа по четири, а Иван Чупиќ заврши со три гола. Кај ППД Загреб прв стрелец беше поранешниот вардарец, Добривое Марковиќ со шест гола.

По 10.коло, Вардар е на првото место во групата со 14 бода исто колку што има и Кјелце на втората позиција, зад нив се  Пик Сегед и Рајн Некар Левен со по 13 бода, Мешков Брест e на 5,место со 11, Целје има 5 бода (-1), ППД Загреб останува со 4, а последен е Крситијанштад исто така со 4 бода (-1).

До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите остануваат уште четири кола. Во следниот натпревар, на 18 февруари, Вардар му гостува на Пик Сегед.

Се вчитува...